Изборот на Мис Македонија 2005 се одржуваше во текот на месец септември, кога преку многубројните кастинзи се одбраа 17 финалистки. По двонеделните третмани во козметичкиот салон ELITTE и фризерското студио IN, мајсторот на фотографија и шминка Владимир Георгиев ги изработи материјалите за фото презентацијата на сите финалистки. Жирирањето на кандидатките се одржа во преубавиот амбиент на ексклузивниот хотел ARKA, преку модната ревија на костимите за капење на италијанската модна куќа Playboy и интервјуите со кандидатките. Прогласувањето и крунисувањето на победничките се одржа во елитниот локал Ден и Ноќ на 19.10.2005. Во свеченото дефиле победничките се претставија во моделите на бутикот Lamas (ГТЦ).
Милена Станивуковиќ - Мис на Македонија 2005
Марија Гоцева , Прва придружничка на Мис Македонија 2005
Елена Шахинова, Втора придружничка на Мис Македонија 2005
Роса Даиловска, Трета придружничка на Мис Македонија 2005
Сања Јанкуловска, Четврта придружничка на Мис Македонија 2005
Моника Додевска, Мис Шарм 2005
Александра Петличкова, Мис Плажа 2005
Марија Цветковска, Мис Фото 2005
Елена Шахинова, Miss Scholarship 2005, Европскиот Универзитет во Република Македонија ја награди со бесплатно студирање на овој универзитет.
Членови на жири 2005:
Лидија Велковска, Miss*M
Џиковски Сашо, сопственик на хотел Арка
Георгиев Владимир, мајстор на фотографија
Наталија Грубовиќ, Мис на Македонија 2004 за Miss Earth
Златко Петровски, CEO МАТ
Јасмина Дракул, моден креатор
Светлана Несторова, козметичко студио Elitte
Глигор Пандиловски, економист-бизнисмен ”Ciao”
Антонија Ристовска, моден креатор
Емил Илиќ, спортист
Ана Стојковска, претставник на модната куќа Playboy
Мишев Драган, претставник на медијскиот спонзор Вечер
|